На 06.12.2025 година во 22.20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, во охридското село Велгошти, од слобода го лишија Н.Ѓ.(45) од Охрид кај кого, при извршен преглед, пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја.
Тој е затекнат при остварен контакт со А.Т.(31), А.В.(26) и И.Р.(50) сите од Охрид кои поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, дополнително се лишени од слобода, соопшти МВР.
По целосно расветлување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското село Трапчин Дол, патничко возило „волво“ со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од Кичево, излеталo од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.З.(25) од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.




