Утре, 20 декември 2025 година (сабота) – 09:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – мала сала, министерот за одбрана Владо Мисајловски со свое обраќање ќе го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година.

На отворањето на турнирот, свое обраќање ќе имаат и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски.

25. Меморијален турнир оваа година е во ко-организација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“.

На турнирот ќе настапат екипи од Министерството за одбрана, Армијата и Министерството за внатрешни работи.