Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за населението на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини намалувањето изнесувало 1,2 проценти, што е највисока стапка во регионот.

Според податоците на Евростат, намалувањето на населението во Македонија 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3 , во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто.

Во другите четири земји-кандидатки од Западен Балкан, населението се намалило во просек за 0,3 проценти, додека во Албанија се намалило за речиси четирипати повеќе, за 1,1 отсто.

Рапидниот пад кај возрасната група под 30 години главно се должи на високата емиграција, која продолжува да биде меѓу највисоките во Европа.