Денес на седницата на Комисијата за политички систем, го усвоивме Предлогот на закон за Судскиот совет на Република Македонија, по сеопфатна, аргументирана и конструктивна дебата, информира пратеникот Љупчо Пренџов.
-Како претседател на Комисијата, изразувам задоволство од нивото на дијалог, одговорност и посветеноста на сите учесници во процесот. Овој закон е важен чекор кон зајакнување на независноста, транспарентноста и отчетноста на судскиот систем, што е од клучно значење за владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите, посочи тој.
„Продолжуваме со реформски чекори во насока на стабилен, праведен и ефикасен правосуден систем“, рече Пренџов.




