Објавено на канцер ФБ групата „Не си сам во оваа борба“
Се мислев како да ја започнам оваа моја приказна и почнувам по ред. Мојата борба започна во далечната 2008 год. Ми беше дијагностициран канцер на плункова жлезда. Следеше една операција, потоа 2013 год. друга операција со зрачење. Многу се ислашив! Бев самохран родител, со дете на крајот на студиите, исцрпена материјално и психички. Го згрешив автобусот за Неготино, се качив за некоја друга дестинација.
Од почетокот знаев дека морам се’ да сменам. Од исхрана до начинот на живот. Ама тоа не оди така лесно. Почнав со тоа што ги оставив цигарите. Потоа едно по едно, исфрлав нездраво, заменував со здраво. Почнав да практикувам јога со инструктор, кој е доктор физијатар. Јогата многу ми помогна да си го најдам душевниот мир, кој е главен двигател во борбата. Не дека ми е се погодено, но сега поинаку гледам на сите работи.
На тоа што не можам да влијаам, не се ни трудам да го сменам, ама на мене можам се’ да направам за поквалитетен живот. Помина период на стагнација на канцерот до 2019год. Пак ми се врати. Овој пат на бели дробови и ребрата. Сега почнав со хемотерапии. Не се оперира, само хемо. Правев биопсија за имунолошка-биолошка терапија, ама не реагира канцерот. Можеби примав 30 хемотерапии, со паузи. Моментално не примам никаква терапија, закрепнувам, а и нема што да примам што одговара за мене. Меѓутоа продолжувам со здрава храна, чаеви, пешачење, јога, читање…
Значи никогаш не е крај се додека сам не се откажеш.
Поздрав борци! Разбудете го ВОИНОТ во себе!




