Довербата на Французите во нивниот претседател Емануел Макрон во декември падна на само 25 проценти, објавија француските медиуми, повикувајќи се на резултатите од анкетата на јавното мислење објавена денес.
-Божиќ не ја врати довербата на францускиот народ во извршната власт. Според интерактивниот барометар Толуна-Харис за LCI, објавен вчера, само 25 отсто од населението велат дека му веруваат на претседателот Емануел Макрон, пишува порталот ТФ1инфо, наведувајќи дека ова е за четири процентни поени пониско отколку во ноември.
Шефот на државата го достигна својот најнизок рејтинг откако ја презеде функцијата во 2017 година, што е еднакво на нивото забележано во октомври 2025 година, истакнува ТФ1инфо.
Истовремено, истражувањето покажува дека на францускиот премиер Себастијан Лекорну во декември му веруваат 34 проценти од испитаниците, но дека и неговиот рејтинг е намален – за еден процент во споредба со ноември.




