Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска денеска на Клиниката за гинекологија го посети првороденото бебе.
Првото бебе во 2026 во државава е девојче – Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева.
Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, заменикот за здравство Јовица Андовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.


































