Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, порача дека претседателот на САД, Доналд Трамп, „покажал дека не се плаши да користи воени опции“ кога тоа го смета за неопходно.

– Мислам дека една работа во која претседателот Трамп е исклучително добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте опции кои се на маса, изјави Ливит за новинарите.

Таа во исто време додаде дека „дипломатијата е секогаш прва опција“ за Трамп.

– Претседателот синоќа на сите ви кажа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим во голема мера се разликува од пораките што администрацијата ги прима приватно, рече Ливит.

– Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога тоа го смета за потребно, а никој тоа не го знае подобро од Иран, заклучи таа.