Проф. д-р Мимоза РАЈЛ (ФБ профил)

Прличев, секако е најсилната интелектуална и творечка личност, моќна поетска фигура, ерудиција со една од најтрагичните судбини во сета наша литература. И трагиката тука не ја бараме во личната драма на поетот, туку во трагичноста на универзалната македонска драма кон крајот на XIX век, големиот век на Преродбата.
Во неговата тема за смислата на поезијата, што се издига на ниво за смислата на уметноста воопшто – “Совршенство или смрт” совршенство кое го гледаме во “Сердарот” и во “Скендербег”, отсликана е девизата на сета негова поетика. Поезијата за него не е чист формализам, туку таа ја исполнува својата смисла кога во себе ја открива драматичноста на едно време и трагичната судбина на еден народ. Поезијата за Прличев е она што човека го облагородува и го прави целосно емоционален субјект. Тој тврдеше дека секој поет треба да пишува во духот на народот свој и епохата своја. Притоа во тој процес, тој велеше, “ние поетите мора да и служиме на вистината за идните генерации чија поетска оставштина е нивното оружје во борбата за себе и својата татковина. Затоа пријателе не се одделуваj од вистината, затоа што само таа ќе те овенча во славата на својот народ, како дел од него и како негов гласник”.
Така говореше македонскиот Хомер, со трагичниот глас на љубовта кон својата земја, велејќи како Шекспир или пак како Хомера, дека таа, татковината, треба да постои во сета своја слава или се нека исчезне. Совршенство или смрт!
Слава му!
На денешен ден, ден спроти Богојавление во далечната 1830 година, роден е Григор Прличев.




