Јаткастите плодови докажуваат дека некогаш во природата најдобрите работи доаѓаат во мали пакувања. Тие содржат здрави масти, протеини, минерали и витамини.Голем број на судии покажале дека оние кои јадат јаткасти плодови неколку пати неделно имаат поздраво срце, благодарение на мононезаситените и полинезаситените масти што ги содржат. Лешниците, бадемите и оревите и другите плодови изобилуваат со Омега- 3 масни киселини што придонесува за нормална функција на срцето и за одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта.
И покрај придобивките за здравјето од јаткастите плодови, ако тие се консумираат во прекумерна количина може да дојде до несакани последици, како што се дебелеењето и проблеми со вареањето.

Ореви

За оревот се вели дека е бесценет дар на природата. Тоа е овошје од источниот Медитеран со многу лековити својства и благодети по здравјето на луѓето. Оревот ја чисти крвта, ги лечи белодробните болести, запалението на слузокожата и очите, ги уништува цревните паразити, ги јакне мускулите и видот, помага во лекувањето на болестите на тироидната жлезда, на желудникот, а штити и од опекотини при сончање. Оревот се препорачува против потење на нозете, за јакнење на косата, а мелем од ореви е ефикасен лек против реума.
Од оревот се користат листовите, младата лушпа, како и плодот, зелен и зрел.
Јатката од оревот во себе содржи најмногу масло од 55 до 65 проценти, потоа 15 проценти високовредни белковини, како и јаглени хидрати. Богата е со калиум, магнезиум, со фосфор, железо, витамин Б и Ц.
Недозреаните плодови од оревот се исклучително богати со витамин Ц, дури 1800 милиграми аскорбинска киселина, кој за жал со текот на зреењето значително се намалува. Зелените ореви се берат во јули и можат да се конзервираат на разни начини со варење. Од младите ореви исто така се прават и разни тинктури.
За лековити цели се користи и ситно мелен прав од ореови јатки кои се мешаат со малку вино. Во народната медицина многу се користат и сирупи од зелени ореови плодови или од млада ореова кора.
Ореовите лисја се далеку полековити од она што се мисли. Во нив има многу витамин Ц поради што се повеќенаменски. Чај од нив се користи во лекување на кожни болести и цревни паразити, за правење на витамински концентрати, ферментирани напивки, против анемија…
Листовите од орев се природен препарат и против молци ни дриги гадинки и инсекти.


Бадеми

Бадемот е високо калорично овошје и доколку се изедат од 6 до 15 јатки дневно може да го замени месото. Препорачлив е за трудници, за рековалесценти, за спортисти, за нервозни лица, како и при големи умствени напрегања.
Лековитите својства на бадемот се многубројни. Најчесто се употребува сладок, додека горчливиот бадем се препорачува во консултација со стручни лица. Како лек се користи целото бадемово растение, од листот и цветот, лушпата и кората, до семето.
Од листот на бадемот најчесто се прават чаеви за ублажување на кашлица, за поттикнување на работата на црниот дроб и лековити купки за подобро излачување на урината.
Течноста од сварени лушпи ја смируваат кашлицата и ја намалуваат високата температура.
Кората од бадемот се користи за исфрлање на паразити од цревата или како средство за обилно празнење на мочниот меур со комбинација на листови и цветови.
Семето најдобро е да се чува во лушпа, а кога ќе се извади од лушпата треба внимателно да се складира. Исклучително е ефикасно против горушица и зголемена желудечна киселина.
Од бадемот се добива и бадемово масло. Тое го подобрува варењето, ја отстранува надуеноста на стомакот, го лекува воспалението на дебелото црево, а се користи и против некои кожни заболувања, како што се воспаленија, лишаи и изгореници.


Лешници

Лешникот одамна се применува во народната медицина како средство за јакнење. Освен возрасните, лешникот препорачливо е да го користат и децата од помала училишна возраст како оброк. За нив, на пример, пријатен пијалок е: откако 60 грама лешници ќе се пропржат и се сомелат, да се додадат во 0,5 литри топло млеко, малку ванилин шеќер и две лажици мед. Откако ќе отстои 15 минути се пие неколку пати на ден. Во комбинација со мед неговиот плод е ефикасен против авитаминоза, анемија, рахитис, ревматизам. Се препорачува против бронхитис, грозница, искашлување на крв, како и против болести на жолчката.
Плодот на лешникот се применува за превентива и за лекување на артериослероза. Лешникот го забрзува метаболизмот, го овозможува намалувањето на нивото на холестеролот, ја подобрува состојбата на болните од исхемиска болест, склероза на мозокот, овозможува јакнење на срцевиот мускул и го регулира крвотокот. Корисен е кај малокрвност и хронично-исцрпувачки болести, а се користи и во диеталната исхрана кај спортистите за остранување на заморот. Исто така, лешникот е погоден и за лекување на песок во урината, на ревматизмот, за изгореници и опаѓање на косата.
За овие болести особено е ефикасно лешниковото масло. Тоа се користи и за превентива и за лекување на заболување на штитната жлезда. Лешниковото масло се пие одеднаш, од 10 до 15 грама на ден.
Мешавина од лешниково масло и жолчка од јајце е ефикасно средство против изгореници, а кога се втријува во темето на главата го јакне растот на косата. Лешникот се користи и во фитокозметиката, затоа што има антибактериско, антисептичко и дезинфицирачко дејство.
Лековити се и листовите од лешникот. Во неговиот состав се најдени витамин Ц, каротин, етерични масла, алкалоиди и антоцијаниди и други биолошко активни супстанци.
Чајот од лешникови листови стимулира, делува против воспаленија и служи како средство за закрепнување. Погоден е за лекување на белодробни болести, помага во ублажување на тегобите на астматаа па и во нејзиното лекување. Помага и кај заболувања на цревата, на желудникот, на мигрена, на црниот дроб, за варикозно проширување на вени, за аденома на простата и фибром на матката, а спречува и крварење…Исто така помага во ублажување на тегобите на асмата, па и во нејзиното лекување.

Кикирики

Kикиритките се богати со витамин Б9, исто така познат како фолна киселина. Овој витамин е неопходен за развојот на мозокот и може да ве заштити од пад на когнитивните способности. Kикиритките се препорачуваат за вегетаријанци на кои им недостасува споменатиот витамин.
Овие плодови се доби и за бремените жени, кои треба да ги заштитат неродените бебиња од разни здравствени нарушувања. Kако и повеќето други ореви, кикиритките се богати со масти и витамин Е, кои се одлични за мозокот. Триесет грама кикиритки содржат околу 170 калории, 7 грама протеини и 14 грама масти.
Kикиритките се богати со белковини, минерали, витамини Е и K и, што е многу важно, не содржат холестерол. Една е од ретките мешунки богати со витамин Д. Се препорачува кикиритките да се купуваат со лушпа, бидејќи така ги содржат сите овие витамини и минерали. Докажано е дека ако умерено се консумираат кикиритките, доведуваат до помал ризик од срцев или мозочен удар, го намалуваат холестеролот, спречуваат воспалување и ги зацврстуваат клетките околу срцето.