Лансирани се десетици одмазднички удари насочени кон американски и израелски позиции како одговор на убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, соопшти денеска иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Новинската агенција Тасним, полуофицијален медиум поврзан со ИРГЦ, јави дека биле таргетирани 27 американски бази во регионот, како и штабот на израелската војска и комплекс за оружје во Тел Авив.
Извештаите не можат да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Претходно денеска, ИРГЦ вети одмазда за смртта на Хамнеи.
„Убијците на Имамот на нацијата нема да избегаат од тешка, одлучна и одвраќачка казна“, соопшти елитната единица денеска во изјава пренесена од либанската милиција Хезболах.
Во Израел рано утрово се огласија повеќекратни ракетни тревоги. Според војската, воздушните сили биле ангажирани за да се спротивстават на заканата.




