Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја презема одговорноста за поразот (0:1) синоќа од Хетафе во домашниот натпревар од 26. коло од Шпанското фудбалско првенство.

– Јас сум виновен за овој пораз. Нема да ги обвинувам играчите по нивните напори денес. Можеме да се подобриме, но одговорноста е на мене. Нашата цел е да ги освоиме преостанатите 36 бода. Мора да го добиеме следниот натпревар против Селта. Никој не се откажува од трофејот. Дали Ла Лига заврши? Не, не. Имаме уште 36 бода и ќе се бориме до крај. Само четири бода заостануваме, можеме да ја стигнеме Барселона. Исклучувањето на Мастантуоно? Тоа не требаше да се случи. Не знам што рече. Жолтите картони сега нè оставаат без важни играчи. Хетафе играше добро, се бранеше многу добро. Требаше да бидеме поагресивни, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот.

Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското првенство со 60 бода по 26 натпревари.

Во следното коло, Реал ќе игра на гости против Селта на 7 март.