Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Велика Британија е најголем губитник доколку ја напушти ЕУ без договор, додека германскиот вицеканцелар Олаф Шолц нагласи дека тоа е „тажен ден за Европа“.
Двајцата реагираа откако Долниот дом на британскиот Парламент отфрли синоќа предлог на премиерката Тереза Меј за брегзит.
– Прва опција, напуштање без договор. Тие велат: Нема договор. Тоа е страшно за сите. Најголеми губитници во тоа би биле Британците, изјави Макрон. Тој очекува Британците да побараат дополнително време за нови преговори за договорот.
Шолц на Твитер напиша дека тоа е тажен ден за Европа. „Ние сме подготвени“, нагласува тој и додава дека брегзит е најлошата можност за ЕУ и пред се за Велика Британија.