Македонија ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓани, велат од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години.

Менкиновски за ТВ 24 вели дека од утре стартува со како што наведува легална и легитимна правна офанзива пред надлежните домашни институции, како и пред релевантните меѓународни механизми за заштита на човековите права, со цел заштита на правото на одбрана и непречено вршење на адвокатската професија.

Денеска доби поддршка и од Централниот совет на Македонците во Германија. Тие побараа итна политичка реакција од Европската комисија, испитување на можноста за покренување постапка за прекршување на правото на ЕУ, доколку се утврди дека адвокат за човекови права е санкциониран од политички причини. Јасна позиција на германската влада, дека мерки против адвокати кои ги застапуваат своите клиенти пред европски судови се неприфатливи во рамките на Европската Унија. Официјален став од засега Софија нема, објави ТВ 24.

Извор: ТВ 24