Бранислав Светозаревиќ Покорни во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски јасно демистифицираше една круцијална бугарска мистификација, лажен научен факт кој за Бугарија е темел и база на тврдењата за наводната опстојба на бугарскиот јазик на територијата на Македонија и непостоење на македонскиот јазик, фалсификат кој е основа на бугарската пропаганда која се засилува во 20-от век.

Пластичен пример за тоа како Бугарите создавале мистификации и ја лажирале историјата е соддржан во книгата „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ на македонските историчари Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, кои во своето научно истражување, народски кажано со „црно на бело“ т.е. со факти и пишани докази ги разоткриваат мистификациите (читај лагите, манипулациите и малверзациите) на бугаризмот од 20-от век и фалсификувањето на македонската историја. Идеолог на тој современ Бугаризам е веќе докажаниот бугарски фалсификатор Љубомир Милетич, главен актер во споменатата мистификација.

Со списите од бугарскиот архив преземени од Бугарската академија на науките и уметностите (БАН) чиј претседател тогаш е академик Милетич, преку преписката со рускиот лингвист Селишчев, ачик, појасно здравје, се гледа како е креиран мизерниот фалсификат.

Имено, истражувањата на Русинот Селишчев за говорот и јазикот од македонски Полог биле му понудени на БАН под насловот „ОЧЕРКИ ПО МАКЕДОНСКОЈ ДИЈАЛЕКТОЛОГИИ“орг.(„ЕСЕИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈА“), по што во преписката претседателот на академијата Милетич му напише и укаже: „Мислам дека би било најдобро да се нарече „БУГАРСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПОЛОГ“ (орг. „На мнение см, че би било најдобре да се каже „БОЛГАРСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПОЛОГ“ орг.), по што книгата на Селишчев БАН ја издава како „ПОЛОГ И НЕГОВОТО БУГАРСКО НАСЕЛЕНИЕ“ („Полог и его БОЛГАРСКОЕ НАСЕЛЕНИЕ“ орг.).

За оваа СМЕНА НА НАСЛОВОТ, на Селишчев му се ветува и ја добива титулата академик во БАН, открива Светозаревиќ во НАТКАСТ, но и покрај ветувањата, академијата го изигрува и не го издава неговото животно дело кое е на друга тематика.

Професор Светозаревиќ открива дека уште еден удар за БАН и бугарските фаслификатори е тоа што најдобриот ученик на Селишчев, лингвистот Бернштин, подоцна продолжува да истражува и пишува за МАКЕДОНИСТИКАТА, МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ И ЈАЗИКОТ.

„Има еден дневник „Зиг-заги памјати“ во којшто ги кажува работите реално, кои постхумно се објавени и во кои јасно се гледа дека Бугарите, тој многу добро знаел како студент на Селишчев, дека го манипулирале и успеале да го натераат Афанасиј на таа некаква непристојна зделка, која сепак, на крајот – бидејќи Институтот најмногу се финансирал од Организацијата на Ванчо Михајлов, па кога 1934-35 снемува пари и ја нема органиЗацијата, веќе нема пари – нема бизнис и тука прекинува неговата соработка со Бугарите, па Селишчев се враќа на старата идеја и му дава на својот асистент Бернстин да продолжи со МАКЕДОНИСТИКАТА“, посочи Светозаревиќ во поткастот со Цветановски на КУРИР.МК.

Демистификацијата на Милетич е огромен удар во самиот корен на современиот луциден Бугаризам, буквално рушење од темел на софиската кула од карти за негирање на македонскиот јазик, кула чија основа и база е фалсификуваното дело на академик Селишчев.

Книгата „Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ е објавена од македонскиот Државен архив. Писмата се фототипно прикажани.