На 03.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје 52-годишна жена пријави дека на 02.04.2026 во домот на подрачјето на Центар нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне.

Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција.

Исто така, во 03:00 часот 52-годишен маж пријави дека во домот му биле упатени закани од неговата сопруга В.Д.(52).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.