Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва нема сигурни информации за евентуалната посета на американските пратеници на Киев.

Пред два дена шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов изјави дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер би можеле да го посетат Киев по православниот Велигден, што е на 12 април.

– Не, не знаеме со сигурност дали ова се планира, посочи Песков.

Тој се осврна и на мировните преговори, наведувајќи дека „во моментот се на пауза“ бидејќи тешко можат да се одржат во трилатерален формат.

Што се однесува до процесот на преговори: да, тој во моментов е на пауза. Американците имаат многу други работи, јасно е каква. Во таа смисла, сега е тешко да се одржат во трилатерален формат, посочи Песков.

Тој додаде дека Русија и Украина одделно ги продолжуваат контактите со САД и разменуваат мислења со нив преку свои канали.

Доколку Виткоф и Кушнер допатуваат во Киев, тоа ќе биде нивна прва посета на главниот град на Украина.