Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека голем број празни нафтени танкери се упатени кон Соединетите Американски Држави за да се снабдат со американски енергенси.

Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“ (Truth Social), Трамп истакна дека станува збор за едни од најголемите танкери во светот кои доаѓаат по „најквалитетната“ нафта и гас. „Ние располагаме со повеќе нафта отколку следните две најголеми нафтени економии заедно, и тоа со повисок квалитет“, напиша американскиот претседател.

Оваа изјава доаѓа во време на клучните преговори во Исламабад за прекинување на конфликтот меѓу САД и Иран. Претходно неделава, Трамп порача дека Иран не смее да наметнува такси за танкерите кои поминуваат низ Ормуската Теснина, чија блокада предизвика сериозни нарушувања во глобалните енергетски текови.