На денешната преес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, одговори и на новинарски прашања.
Прашање: На вчерашниот роденден на Социјалдемократскиот сојуз се појави и поранешниот претседател и премиер Зоран Заев, кој беше еуфорично пречекан, кој е вашиот коментар за ова?
Одговор: Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДС.
Доколку СДС сака да се реформира и да биде главна опозиција во Македонија, мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев.
Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДС, кој што како што гледаме нема намера да се промени.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека на утрешна прес-конференција ќе објават дополнителни информации поврзани со, како што велат, контактите меѓу претставници на СДСМ и српската опозиција.




