Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската Унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор.

– Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ.

Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, се надева дека ќе доведе до траен прекин на огнот во регионот.