Авганистанските талибанци негираа наводи на пакистански медиуми дека се подготвени за преговори со американкиот пратеник во Исламабад и повторија дека не сакаат директно да соработуваат со авганистанската влада.
Пакистански медиуми вчера јавија за преговори во Исламабад по состанокот меѓу Залмај Кализад и пакистански официјални лица меѓу кои и премиерот Имрах Кан. Талибански лидери изјавија дека од нив е побарано да се состанат со американска делегација во Исламабад, како и учество на авганистанската влада во мировниот процес, но дека тие одбиле.
– Сакаме да појасниме дека нема да одржиме никаков состанок со Кализад во Исламабад, изјави портпарол на талибанците.
Преговорите меѓу двете страни се во застој откако талибанците го обвинија Кализад дека отстапува од договорениот нацрт цел за преговори и нема знаци кога повторно ќе седнат на преговарачка маса.