Во населеното место Василево, со поставување на завршен асфалте слој, заврши изградбата на една од селските улици, каде претходно беше поставен крак од фекалната канализација.

Информација за оваа последна активност во делот на локалната патна инфраструктура сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов:

„Асфалтирана улицата покрај Ристо Велков во Василево Дадениот збор кон граѓаните се реализира – по поставувањето на крак од фекална канализација, успешно се асфалтираше оваа улица. Работата на терен е најдобар доказ дека ветувањата не остануваат само зборови – туку стануваат дела“ стои во објавата споделена преку ФБ пропфилот на Градоначалникот, во која ги најавува и активностите во оваа област за периодот што следува.

„Во наредниот период ќе следува проектирање и на останатите улици кои, во договор со жителите на Општина Василево, ги утврдивме како приоритет за нивните населени места.

Продолжуваме со подобрување на патната инфраструктура во сите населени места, со посебен акцент на оние каде што досега никогаш немало асфалт. Градежната офанзива продолжува со силна динамика! Еднаков и рамномерен развој за сите – затоа што секое населено место е подеднакво важно“, порачува Андонов.

Според информациите од изведувачот, улицата е во должина од околу 105 метри односно асфалтирана површина од 340 м 2. Средствата за нејзина реализација изнесуваат 511 324 денари и се обезбедени од Буџетот на општина Василево.