Две лица се погубени во Иран поради наводно шпионирање за израелската разузнавачка служба Мосад за време на војната меѓу САД и Израел против Иран.

Агенцијата Фарс, блиска до Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објави дека станува збор за Јакуб Каримпур и Насер Бекерзаде.

Бекерзаде е обвинет за собирање податоци за важни владини, религиозни и покраински личности и за давање информации за важни центри во областа Натанц, каде што се наоѓа значаен нуклеарен објект.

Каримпур, според обвинението, му пренел доверливи информации на оперативец на Мосад, објави Ал џезира.