МВР информира дека денеска (16.05.2026) околу 16,00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес–Скопје, кај наплатната станица “Отовица”, се запалил автобус со прилепски регистарски ознаки.

-Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени лица. На местото на настанот интервенирале екипи на ТППЕ. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Велес, велат од Министерството.

Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје после патарина ,,Отовица” е нормализиран и се одвива непречено.