Љупчо ЦВЕТАНОВСКИ
за Курир.мк
Прво, Венко викан Заев Трети ќе се борел со корупцијата кога ќе дошол на власт. Тонч. Значи, нема никогаш да се бори со корупцијата, затоа што како што одат работите, од истото го делат повеќе децении. Поверојатно, никогаш. Онака, во целата драма на СДС апсурдот, кога Кралот Зајдисонце ќе стане премиер денес, утре или поверојатно вчера…
Второ, би било мазохистички и глупаво да се „бориш“ против самиот себе и другарчињата Заев, Оливер, Ковачевски, Путерот и останатиот дел од „екипата“(читај бандата). Замисли, доаѓа на власт ајванот и се самозатвора?! Колку монтипајтоновски елемент од „Летечкиот циркус на Монти Филипче“, СДС пандан на Самоубиствениот одред на Јудејскиот народен фронт во „Брајановото житие“, кои откако ги победија Римјаните, наместо да ги ослободат распнатите – се самоубија. Ко ликот од „Тетовирање“, кој „сам себе го убивал“ и „дигал рука у вторник.“ Ѓоамити Венко, кога се согласил да го „мења“ Зоки…
Трето, инфантилно е со товарот на редица афери како рекетот врз Жан Митрев, бонбона-бизнисот со ковид вакцините, фирмите во Петрич, половина милион евра „тешката“ виза и станчето во Дубаи, одговорноста за Онкологија, потписот за модуларната стапица, лиценците за марихуаната, џипчето подарено до 130.000 евра и „непосточките“ викендици на Нерези, да глумиш некаков си Венко Худ и борец за слобода, како слон во пижами си.
Четврто, Венкослав Филипчев, да се потсмеваш со бугарската певаљка Дара и да ги праќаш ВМРО на некаков си пречек за неа, а ти прв да му честиташ „у свет“ на Радев за премиерлук, повеќе од Румен да запињаш за внос на Бугари во македонски устав, да бидеш отворен 12 прста за сите бљувотини од Француски предлог во групњак со сите „протоколи“ и да имаш фирмички таму со другарчето, навистина/стварно треба да си неверојатна дилајла и шајшутка. Колку треба да си ќелепур за да бидеш најголем бугараш и единствен Македонец кој не гледа бугарски атак врз македонскиот идентитет и да пишуваш вакви „зезалици“? Венко VS Филипче, јали „мултиперсоналити“ и шизофренија ли се викаше?
Петто, секој ден да си на прес-конференција со крајно мизерен рециклиран колаж од лажни вести од вчера и завчера не го личи еден „лидер“, па макар бил и Филипче. Ајде, нека се помачат малу Шмрчко и Богданка и нека ти смислат нешто ново, не мора да е вистинска вест. Лажи пак, ама со нови лаги, де. Значи, помалку шмркајте, повеќе работете, Шмрчковци…
Шесто, мислевме дека по Заев нема полошо. Се појави Таче Ковачевски, можело и полошо. Дојде Венко, ги засени и двајцата. Какво ли е чувството да бидеш есдеесовски лидерски „подрум на дното“? Многу поразително, попоразително здравје. Да знаеш дека еден црпнат суртук имал дупло поголема доверба од тебе, абе дно-дна, провалија, бездна. Ахааа, затоа ли неурохирургот „је мало неурозан“? Ете, каде лежел зајакот, не во Муртино…
Вака можеме до СТО И ЕДНО, ни треба формат на „Војна и мир“ за сите ајванлуци, лудории и досетки на Венко, оваа нахална и луцидна Венковизација на политичката (полтикантската) сцена, би верглале со индолентни смејурии и цепки до „утре сабајле“, прикаските од непресушниот извор на авантурите на октроираното чедо, возљубено во Црпнатиот стопан.
Од друга страна, го разбираме, не му е лесно. Веројатно, колку и да немаш скрупули и срам, сознанието дека си на „ивицата“ и балансираш како Чигаљ Макс на јажето меѓу слободата и „свирење клавир“ не е заебанција. Она, кога те ИМА МНОГУ, знаејќи дека може наскоро ДА ТЕ НЕМА, на позиција и побитно, на слобода. Па се прпелкаш, пенавиш, се караш со сите, забегуваш, ама „скроз“.
Она, кога со заддршка и задоцнето сфаќаш, дека ШТО СИ СЕЕЛ, ТОА И ЌЕ СИ ЖНЕЕШ…




