Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имале средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка.

Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје.

– Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и својата татковина. Скопје заслужува многу. Скопје добива нова енергија, нова динамика и нова перспектива. Продолжуваме со уште посилно темпо – порача Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.