Кувајт денеска соопшти дека бил цел на ракетни и напади со дронови, при што реагирала противвоздушната одбрана за пресретнување и неутрализирање на заканите.
„Сите експлозии што се слушаат се резултат на дејствувањето на системите за противвоздушна одбрана при пресретнување на непријателските цели“, соопшти Генералштабот на кувајтските вооружени сили во објава на платформата „Икс“.
Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат безбедносните упатства и насоките издадени од надлежните институции.
Кувајтската армија не прецизираше од каде биле лансирани ракетите и дроновите, ниту кои биле нивните цели.
Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран кон крајот на февруари, иранските вооружени сили во повеќе наврати лансираа ракети и беспилотни летала кон Кувајт и други земји од Заливот.
Соединетите Американски Држави располагаат со бројни воени бази во регионот, од кои дел се наоѓаат на само неколку стотици километри од Иран. И покрај прекинот на огнот, неколку држави од Персискиот Залив во последниот период пријавија изолирани напади и безбедносни инциденти.




