Врховниот суд на САД и дозволи на сојузната држава Алабама да ја користи новата изборна мапа во пресрет на престојните меѓуизбори закажани за ноември.

Со пресудата се укинува претходно донесената одлука на суд од пониска инстанца за блокирање на изборната мапа од 2023 година, со образложение дека може да доведе до дискриминација на афроамериканските гласачи.

Случајот се однесува на редистрибуцијата на изборните окрузи, процес кој во САД често е предмет на политички и правни спорови поради обвинувања за манипулација со изборните граници.

Понискиот суд оцени дека спорната мапа би можела да го намали влијанието на афроамериканските гласачи врз резултатите од изборите преку нивно распределување во повеќе изборни единици.

Одлуката на Врховниот суд би можела да им помогне на републиканците да го одбранат тесното мнозинство во Претставничкиот дом, каде и еден мандат може да биде клучен.

Двете партии во САД со години ја користат редистрибуцијата за зајакнување на своите изборни позиции, најчесто преку концентрирање или делење на гласачите со цел одредени окрузи да станат поповолни.