Американски воен хеликоптер вчера се урна во Ормуска Теснина, а двајцата членови на екипажот се спасени, објави „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека е непознато дали хеликоптерот „Апачи“ е соборен или се урнал поради дефект или некоја друга причина.
Белата куќа и Централната команда на американската армија (ЦЕТКОМ) сè уште не го коментирале инцидентот.




