Британските вооружени сили денеска пресретнаа руски танкер за нафта од „флота од сенка“, што се обидуваше да помине низ Ламанш.

На бродот SMYRTOS се качија британски командоси и специјално обучени полицајци од Националната агенција за криминал, објави британското Министерство за одбрана.

Бродот ќе биде задржан и следен покрај јужниот брег додека трае истрагата, се наведува во соопштението, додавајќи дека мерките за спроведување на законот во британските територијални води се спроведени во согласност со домашното и меѓународното право.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека тој лично го наредил пресретнувањето.

„Оваа успешна операција задава уште еден удар врз Русија и ги потсетува оние што ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да дозволиме да се кријат“, рече Стармер во објава на Икс.

Фото: архива