Градоначалникот на Манчестер, Енди Бурнам, се враќа во британскиот Парламент откако вчера победи на дополнителните избори во северна Англија, со што е отстранета клучната пречка за евентуална негова кандидатура за лидер на Лабуристичката партија.
Бурнам, кого многумина го сметаат за најверојатен претендент да го наследи Кир Стармер на чело на партијата, го освои пратеничкиот мандат во Мејкерфилд. Тој доби 24.927 гласови, додека кандидатот на антиимиграциската Реформска партија, Роб Кенион, заврши на второто место со 15.696 гласови.
Победата на политичарот познат по прекарот „Кралот на Северот“ значи дека сега ќе може да го предизвика Стармер или барем да учествува во евентуална трка за лидерската позиција, во околности кога бележи пад рејтингот на актуелниот премиер.
„На мојата партија и порачувам: ова е последна шанса за промена“, изјави Бурнам во победничкиот говор. „Нема да има втора шанса“, додаде тој.




