Катар по ремито со Швајцарија веруваше дека може да ѝ пружи сериозен отпор и на Канада, но наместо тоа доживеа вистински дебакл на Светското првенство.

Канаѓаните славеа со убедливи 6:0, додека катарската репрезентација натпреварот го заврши со само девет играчи поради два директни црвени картони.

Но, драмата не заврши со последниот судиски свиреж.

Веднаш по крајот на натпреварот, селекторот на Катар, Хулен Лопетеги, му пријде на својот колега од спротивната страна, Џеси Марш, го фати за раката и видно вознемирен му покажуваше кон теренот, јасно ставајќи до знаење колку е незадоволен од однесувањето на канадската репрезентација.

Според катарските медиуми, Лопетеги сметал дека Канада требало да престане со нападите откако стекнала убедлива предност.

Во катарскиот табор веруваат дека немало потреба Канаѓаните да продолжат со агресивна офанзива во момент кога резултатот веќе бил решен, а противникот останал со двајца играчи помалку.

Марш, очекувано, не се согласил со таквото гледиште.

Американскиот стратег сметал дека неговата репрезентација има право да игра до последната минута без оглед на резултатот, по што меѓу двајцата селектори избувнала жестока расправија.

Вербалниот конфликт брзо прераснал во туркање и кошкање, што го одбележа самиот крај на натпреварот и стана една од најкоментираните сцени од досегашниот тек на Мундијалот.
Незадоволството на Лопетеги дополнително ја отсликува фрустрацијата во катарскиот табор по убедливиот пораз, кој сериозно ги намали шансите на домаќините за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.