Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи попладнево на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, потврдија од МВР за МИА.

Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, а сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента.

-Денеска (21.06.2026) од 15:45 часот има прекин на сообраќајот во двата правци на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп, поради случена сообраќајна незгода.

– Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп. Од 16:40 часот сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента со физичка регулација, наведуваат од МВР.