Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Вашингтон ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

На средбата ќе се разговара за претстојниот Самит на НАТО, што на 7 и 8 јули ќе се одржи во Анкара. На Самитот како гостин е поканет украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Се очекува Руте и Трамп да разговараат и за растечките тензии во Алијансата, кои се појавија откако сојузниците на НАТО одбија да ја поддржат воената кампања на САД против Иран.

Трамп и високи американски претставници, меѓу кои и министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио, го опишаа однесувањето на сојузниците како срамно.