Израелската армија вчера нападна цели во јужната сириска провинција Дара, објави денеска Сириската новинска агенција (САНА).
Израелската армија со неколку воени возила навлегла во градот Абдин и поставила контролен пункт, по што жителите ги блокирале патишта и фрлале со камења.
Активисти на Сириската опсерваторија за човекови права објавија дека по конфронтацијата, израелската армија го гранатирала подрачјето, принудувајќи неколку семејства да избегаат.
Израелската армија вчера соопшти дека ден претходно во јужна Сирија елиминирала „неколку вооружени терористи“ и најави дека ќе остане во регионот со цел да се елиминира каква било закана по израелските цивили и војници. Но, по вчерашниот инцидент во Абдин израелските војници се повлекле од Сирија.




