Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа, се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии ние ќе го прифатиме, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората.

Со ова однесување на опозицијата, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.