Премиерот на Ирак, Али ал Заиди, по синоќешните воздушните американско-саудиски напади врз цели на ирачките милициите поддржани од Иран, свика итен состанок на Советот за национална безбедност.
Ирачката влада соопшти дека сака да ги разоружа милициите, иако има малку индикации дека тоа ќе биде можно во блиска иднина.
САД соопштија дека нападите биле насочени кон милициите сојузнички на Иран, кои дејствуваат во Ирак. Американската армија соопшти дека ноќните напади биле извршени како одговор на „повеќе од 30 напади со беспилотни летала наредени од иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во изминатите 72 часа“.
Претходно, саудиската противвоздушна одбрана соопшти дека пресретнала и уништила неколку беспилотни летала лансирани „терористички групи поддржани од Иран“.
– Саудиска Арабија го задржува легитимното право да ја брани својата територија и националните интереси, како и правото да одговори во соодветно време и на соодветно место, објави на Икс портпаролот на саудиското Министерство за одбрана, Турки ал Малики.
Шиитската група Народни мобилизациски сили (ПМФ) посочи дека во синоќешните американско-саудиски напади загинале 20 нејзини борци, а 32 се повредени.
ПМФ соопшти дека при нападите биле погодени цели во околината на Багдад, во јужната покраина Басра и покраината Ниневија во северен Ирак.




