На денот кога е родена најголемата македонска ѕвезда, Тоше Проески, кој трагично загина во сообраќајка во 2007 година, многумина се потсетија на човекот, кој остави неизбришлива трага во музичката историја.
Во спомен на Тоше, Весна Петрушевска сподели на социјалните мрежи видео од нејзината свадба на кое тој пее и се весели заедно со невестата.
-Денес ќе наполнеше 38. Оваа снимка ја немав видено 16 години. Има сигурно 45 минути материјал, нема никогаш да го објавам и за ова ми требаа повеќе од 10 години. Те сакам и ми недостасуваш најмногу, за моето време беше ти, напиша Петрушевска.