Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерите на Конгресот денеска постигнаа привремен договор за деблокада на американската Влада за три недели, објави „Вашингтон пост“.
Весникот, кој се повикува на неименувани официјални претставници во Конгресот, наведува дека согласно договореното, барањето на Трамп за одделување на 5,7 милијарди долари за финансирање на изградба на ѕидот на границата на САД кон Мексико ќе се разгледува подоцна.
Се очекува Трамп наскоро да соопшти дека е постигнат договор за деблокада на владата.