Банката на Англија одби да исплати 1,2 милијарди долари во злато на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Банката одбила бидејќи одредени високи претставници на САД извршиле силен притисок врз властите во Лондон.

Според американски медиуми, во Вашингтон сега се обидуваат да ги пренасочат сите надворешни активности на Венецуела преку Хуан Гуаидо кој се прогласи за привремен претседател на државата.

Тој ја коментираше одлуката на Банка на Англија дека со тоа се сочувуваат парите од потенцијална кражба.

– Во тек е процес на заштита на венецуелските активи. Нема веќе да дозволиме да се злоупотребуваат и крадат нашите пари чија основна намена е да се покријат набавките за основни потреби – храна и лекови, како и да се обезбеди иднина на нашите деца, напиша Гуаидо на Твитер.