Оваа стара табла со бројот 37 е вистински a blast from the past за многумина скопјани кои помнат некои поинакви времиња во нашиот град, посочува претседателот на Совет на Град Скопје, Даме Димитровски.
-Сепак, денес овој познат број добива сосема ново, модерно и практично значење. Во координација со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и Општина Бутел, ја враќаме 37цата на улиците, но овојпат по сосема нова траса која за првпат го става во функција булеварот „Словенечка“ и ги поврзува Радишани и Бутел директно со сите средни училишта во Карпош и Скопје Сити Мол. Летово започнуваме со промотивен капацитет за сите ученици и родители навреме да се запознаат со возниот ред, а од 1 септември линијата 37 продолжува со полна пареа, истакна тој.
„Секоја голема победа почнува со мали чекори, а овој проект е совршен спој меѓу скопските спомени и современата мобилност што ја ветивме во програмата и моите 9 темелни политики. За Скопје што се движи, за Скопје какво што го сакаме“, истакна Димитровски.




