На 18.08.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.З.(47) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 23- годишен син и агресивно се однесувал кон неговата сопруга.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.




