Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на пожарот.

Во моментов нема опасност за ниту едно населено место.

Екипите ќе останат на терен и во текот на целата ноќ, а состојбата ќе се следи континуирано – информираат од ЦУК.