ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која секогаш била со јасна определба за самостојна Македонија, порача вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вечерва од Прилеп каде се одбележува 36 години постоење на партискиот општински комитет.

-ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која секогаш била на страната на Македонија, од самиот почеток до денес. Денес одбележуваме 36 години ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп! Македонија се гради со проекти, со паметни политики, со крупни инфраструктурни проекти кои ја подобруваат економијата и квалитетот на живот на сите граѓани, истакна тој.

Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ сега е најсилно од своето постоење, обединети како никогаш претходно.

-Во партијата има единство, труд и заедничка работа. Благодарност за секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ, за секој еден активист!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ, порача тој.