Полицајци на Одделот за субивање на организиран криминал при БЈБ – МВР, изминатава ноќ во Скопје, спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за финансиски криминал.

Неофицијално, акцијата била активирана откако еден од главно осомничените се обидел да ја напушти државата, по што истражните органи итно презеле мерки и започнале реализација на случајот.

Според првичните неофицијални информации, станува збор за случај со лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила, поточно осомничените прикривале и пренасочувале парични средства.

Во случајот се опфатени и физички лица и правни субјекти, неофицијално некој од лицата се вработени и во државни претпријатија, а штетата се проценувала на над 13 милиони денари, нешто повеќе од 200 илјади евра.

Неофицијално, акцијата сè уште е во тек, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.