Претседателот на Владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8-ми Септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8-ми Септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ