Арманд Дуплантис ја освои титулата која ја нема ниту легендарниот Јусеин Болт.
Швеѓанецот во Будимпешта стана првиот „Ultimate“ шампион, откако прескокна 6,20 метри и го освои историскиот трофеј.
Дуплантис до победничката височина стигна без ниту еден неуспешен обид, а потоа атакуваше и на светскиот рекорд од 6,32 метри, но не успеа да го помести сопствениот најдобар резултат.
Второто место му припадна на Емануел Каралис, кој прескокна 6,15 метри. Летонецот потоа не успеа на 6,20, па Дуплантис и официјално ја запечати победата.




