Интересно беше помеѓу Мулти Есенс и Еурофарм Пелистер меч кој заврши со победа на гостите со (29-30).
Ова беше натпревар од третото коло во Супер-лигата, битолчани дојдоа до првата победа, додека пак за скопскиот тим ова беше трет пораз.
На одморот резултатот беше 13-16 во корист на Е.Пелистер 2, но домаќинот иако беше во негатива во 26-та минут аизедначи ан 17-17.
Давид Трајковски со шест гола беше прв стрелец кај домаќинот каде Стефан Јорданов имаше 10 одбрани, додека на другата страна Кристијан Симоновски имаше осум погодоци, Давид Димевски запиш седум.
На втората средба одиграна во Скопје, ГРК Охрид славеше против Бутел Скопје со 32-41.
Победникот беше решен рано, гостите на одморот заминаа со позитива од 14-21. Во вториот дел и двете екипи одиграа на повисоко ниво во нападот, поточно одбраните не беа најдобри и на двете страни.




