Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ќе ја дочека Висла Плок во натпревар од третото коло на ракометната Лига на шампионите.

Пред мечот зборуваше и капитенот Васил Гогов.

„Нè очекува тежок натпревар против тежок противник, со квалитетни играчи. Ние напорно се подготвуваме за противникот и натпреварот, ќе дадеме се од себе. Се надевам ќе играме пред полна сала пред нашите навивачи, за да освоиме први бодови во ЛШ. Двата натпревара завршија со минимални порази. Можам да кажам дека малку ни недостигаше среќа и искуство, но се надевам дека овој натпревар ќе биде во наша полза.

На ова ниво со овие квалитетни екипи постојат многу малку слабости. Наше е да имаме повеќе енергија, мотивација пред својата публика. Се надевам дека таа ќе биде наша предност против овој противник. Против Охрид одигравме силна одбрана која мислам дека би била на ниво на задачата, ама мислам дека можеме и подобро од тоа“.