Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи, соопштија од ОЈО.
Како што соопштија од Обвинителството, повеќе детали за акцијата се очекуваат по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.
Инаку, претходно од МВР во координација со ОЈО ГОКК беа потврдени претресите во Вишото јавно обвинителство Битола.




